Од 29-те барања за амнестија до обвинителката Русковска до сега пристигнале 27

Утрово до обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „крвавиот четврток“ пристигнале 27 барања за амнестија од 33-та обвинети во случајот. Таа ќе треба да го даде своето мислење за тоа кој треба да биде амнеастиран а кој не, по што судот ќе ги донесе решенијата.

За најголемиот случај поврзан со „крвавиот четврток“ за кој е и надлежна Русковска, имаше поднесено вкупно 29 барања за амнестија. За сега нема одговор и каде се двете барања кои што недостигаат и кои не се пристигати до Русковска. Исто така не е прецизиран во законот и рокот во кој што таа би требало да го даде своето мислење.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ