
„До последен здив“ се чека одлуката од Брисел
Чекањето продолжува, но не ги изморува претставниците на власта.
И претседателот и министерката Шеќеринска се убедени дека недобивање датум утре не е македонска вина, туку внатрешна работа во Унијата.
Работата не е завршена, дипломатијата е активна, информира Пендаровски.
Владата ќе падне ако нема датум, беше вчерашното предвидување на премиерот Заев, но неговата потпретседателка не одговори конкретно на прашањето дали ќе има оставки или недоволно мнозинство за актуелната влада.
Шеќеринска смета дека владините партнери имаат компромис за двете зачленувања, во Европската Унија и во НАТО.
Оваа влада ќе ги почне преговорите, при што ја обвини претходната влада за неуспехот и застојот во клучните мигови кога Унијата имаше проширување.
Стратетешките интереси остануваат исти без разлика дали ќе има датум или не, ги убедува граѓаните претседателот.
Тврди дека по 14 години од добивањето кандидатски статус до денеска поради промените во пристапувањетп во Унијата, Македонија може да се пофали дека направила најмногу од останатите земји членки кои пристапувале во 21-от век.
Пендаровски како врховен командант рече дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи безбедноста ни е обезбедена преку скорото членство во НАТО.
Ова го кажа по прославата на денот на Здружената оперативна команда во Куманово, главниот оперативен столб во армијата.
Миомир Серафиновиќ