До петок нов закон за помирување

До крајот на неделата треба да биде готова првата верзија на Законот за помирување поврзан со настаните од 27 април. Ќе го предложи собраниското тело за помирување кое ќе се состане најверојатно во петок, кога сите членови ќе се вратат од службен пат. Копретседавачот со Телото, Емилија Александрова не открива детали од содржината на законското решение, но ја потврдува поддршката на целиот процес од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. За сите три сегменти од овој процес: реформи, интеграција и помирување, добиле охрабрување од европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн.

            Од групите за помирување, интеграција и реформи ќе произлезат конкретни закони во повеќе сегменти, без преминување на црвените линии за владеење на правото и правната држава, особено за превенирање на насилство заради остварување одредени цели. На овие теми размениле мислења европратениците Мекалистер и Флекенштајн со спикерот Талат Џафери, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, како што соопшти неговиот кабинет.

На одделна средба со гостите од Брисел, Христијан Мицкоски им рекол дека ВМРО ДПМНЕ  е подготвена да ги помогне реформските процеси, но тоа зависи од волјата и способноста на Владата да биде носител на тие процеси.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ