
До крајот на декември ќе биде завршена пругата Битола-Кременица кон Грција
По три години од почетокот на градежните работи за изградбата на пругата Битола-Кременица кон Грција, Владата најавува завршница на овој проект до крајот на декември. Тогаш е последниот рок пругата да биде ставена во функција, за Македонија да не ги изгуби парите кои и се на располагање од европските фондови. За делница од 17 километри , 6 милиони евра се грант од ЕУ, а 11 милиони евра се обезбедени од државниот буџет.
„Железничката пруга со сите сегменти ќе биде до крајот на оваа година, а практично ќе може да биде пуштена во употреба на 31 декемрви. Целокупните градежни работи се веќе завршени , шините се поставени, останува да бидат завршени некои други работи, сигнализација, електрика, информатичкиот систем, желензичката станица, паркинг плацот околу железничката станица“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Од Владата уверуваат дека сите актиности ќе завршат навреме. Проектот беше блокиран откако претходната Влада го раскина договорот со бугарскиот конзорциум кој не ги испочитува роковите за изградба на пругата до 2016 година,а сега Македонија води спор со компанијата.
„Затоа брзаме согласно роковите кои што се даден до крајот на оваа година за да не ги изгубиме тие срдства кои што ни се дадени на располагање, ние сметаме дека проблемите ќе бидат надминати, за Македонија да не ги изгуби парите. Во делот на водењето на евентуални арботражи со претходната компанија, сметаме дека Македонија не треба да го изгуби тој спор“, изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.
Со оваа пруга Пелагонискиот регион повторно по 32 години железнички ќе се поврзе со Грција, а тоа ќе значи побрз и поевтин транспорт на стоки и услуги до Солунското пританиште. Од другата страна на границата веќе се изведуваат активности за поврзување на пругата Битола-Кременица со грчкиот железнички систем, рече вицепремиерот Анѓушев.
Емилија Мисирлиевски