
До крајот на 2018 домаќинствата сами ќе можат да произведуваат струја
До крајот на 2018 година македонските домаќинства ќе можат да си произведуваат електрична енергија за свои потреби. Со измените на законот за енергетика, домаќинствата ќе можат да постават фотоволтаични системи и сами да се снабдуваат со потребната електрична енергија користејќи го сонцето, како обновлив извор на енергија.
Проектите со обновливи извори на енергија се на агендата на ЕЛЕМ за следните неколку години. Планираат проширување на ветерниот парк во Богданци, но и изградба на нов, кај Миравци.
Искуствата од изградбата на ветерниот парк во Богданци ќе ги користи и Косово во изградбата на ветерници, за што имаше и официјална посета во земјава од претставници на тамошното Министерство за финансиии.
Сузана Мицева