До каде се истрагите на СЈО ќе остане тајна. Последниот извештај необјавен

Јавноста не може да дознае што се  работело СЈО последниве 6 месеци  – бурен период  кој заврши со притвор за шефицата Катица Јанева за Рекет. Последен извештај на сјо остана во фиоките на Рузвелтова. СЈО има законска обврска секои 6 месеци да објавува извештај за својата работа. Од таму велат дека извештајот го подготвиле но поради притворот на Јанева немало ниту кој да го потпише, ниту кој да го брани пред Советот на Јавните обивнители и Собранието но доколку го побараат надлежните тие ќе им го доставата.

Претседатлеот на Советот, Ацо Колевски  не исклучува можноста и го побараат од да им го достави извештајот за рбаотата. Вели деновиве приоритет било обврскитео колу разрешувањерто на јанева и вракањето на нејзините помошници во метичните обивнителства

 На веб страната сооледен е оној со датум до  15 март 2019. По овој термин започнаа турбуленциите и натегањата со законот за СЈО.Судењата се почесто се одложуваа за што потврдуваат и статистиките на невладините што ги мониторираат процесите. Но рочиштата се јавни и за нив медиумите извбестуваа она што останува енигма се истрагите за кои во извештаите се обајвуваше дали напредуваат и до каде се. Токму дел од тие истраги се и трн во очи за многу политичари но и според досегашната истрага на рекет биле извор за тргување со влијание и полнење на куферчиња со пари. Дополнитлено Јанева уште пред да биде притворена и официјално осомничена клучот за турбулемнциите околу неа ги лоцираше  во истрагите

Оставам во наследство десетици затворени истраги, подготвени за брзо процесирање. Убедена сум дека токму тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се обидуваше да го спречи мојот реизбор и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози кредибилитетот на СЈО, изјави Катица Јанева на последното обраќање во СЈО на 23 јули.

Нејзиниот кредибилетет се помалку е тема во јавноста. Надлежните сега се прават напори да се зачува она што остана од СЈО а предметите да не пропаднат. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ