
ДКСК: Заев не може да биде и премиер и министер за финансии
Со речиси еден час задоцнување почна собраниската седница на која се разрешуваат досегашни министри и на нивно место ќе дојдат нови. Оставките на министрите само се констатираат засега и не се образложуваат.
Антикорупциската комисија регира премиерор Зоран Заев да биде и министер за финансии. Смета дека со ова би дошло до судир на интереси, според Законот за спречување на коруопција, во кој јасно се вели дека функциите премиер и министер се неспоиви. Испратено е сооопштението до Собранието и од владата во кое анткорупциската предупредува дека ако се изгласа предлогот ќе настане повреда на законот, но и дека комисијата ке биде принудена да преземе конретни мерки. Неофицијално, се очекува премиерот да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.
За нови членови на Владата според предлогот на премиерот треба да бидат избрани: Зоран Заев кој ќе го води министерството за финансии, Трајан Димковски за прв човек на земјоделство, Горан Милевскиза министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура, Насер Нуредини за министер за животна средина и старо-новиот министер Дураки, кој останува во Владата, но сега ќе го води новото министерство за политички систем.