ДКСК отвори предмети за Заев, Анѓушев и Манчевски

Антикорупциска комисија денеска отвори предмет за имотот на семејството на премиерот Заев. По шест претставки на ВМРО ДПМНЕ, отворен е предмет за центарот Глобал во Струмица, за таканаречениот случај „Едно евро за Вицето“, за бугарски фирми на Заев, како и предмети за вицепремиерот економија Кочо Ангушев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Отворен е и предмет против вицепремиерот Кочо Анѓушев за давање под закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, како и за министерот Дамјан Манчевски за сомнежите во врска со грчките фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ