ДКСК отвори предмет против Кочо Анѓушев

ДКСК отвори предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев поради владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори.
Според државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев не се изземал во вториот дел од постапката.

Тој присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката.
ДКСК утврди дека има судир на интереси и ќе побара од премиерот да покрене иницијатива за утврдување на одговорност заради прикривање на приватни интереси од страна на Анѓушев.

Оваа одлука на ДСКСК беше усвоена по 30-минутна дебата на членовите, со 4 гласови за , наспроти 2 против.

Во интервјуто кое го даде во Топ Тема на Телма, Анѓушев тврдеше дека барањето за намалувањето на царините се однесувало за полска компанија а не за негов бизнис интерес.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ