
ДКСК отвора случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејства
Антикорупционерите отвораат предмети и ќе ја испитуваат имотната состојба на судијата Владимир Панчевски, Претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски, како и судијките Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ.
Врз основа на извештајот за човекови права, антикорупционерите ќе ги проверуваат податоците од анкетните листови и изјави за интереси, заради сомнежите за злоупотреби и коруптивни дејства.
По допрен глас ќе биде испитувана и имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски.
Отворена ќе биде и постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори во постапките за јавни набавки при изработка и ревизија на ДУП-овите во општина Центар.
Долгата листа на случаи ја презентираше Претседателката на анти-корупциска, Билјана Илиевска.