
ДКСК: Непотизам при вработувањето на сопругата на ескминситерот Спиро Ристовски
Сопругата на ексминистерот Спиро Ристовски го спаси работното место во фондот за осигурување на депозитите, бидејќи се поминати законските три години да се постпаува заради неправилности при врабтоувањето. Државната комисија за спречување корупција утврдила непотизам, во изборот на Маја Ристовска во 2015-тата но не може да реагира.
Антикорпуционерите едногласно кренаа рака да ја уважат и пријавата на универзитетска професорка која реагира како и кому се доделува државната- владина награда „Климент Охридски“.
Предметот за начинот на кој лидерот на ВМРО-ДПМНе со фирмата “Енерготек” во која сопственик е и Христијан Мицковски но и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, стигнала до државно земјиште и концесии за изградба на хидроцентрали, е при крај велат од комисијата но не откриваат кој ќе биде заклучокот. Комисијата во нејзинтото неколкумесеочно работење разгледа повеќе од 600 предмети. Оттаму реагираат дека нема можат да ги сработат доколку не им се овозможат дополнителни врбаотувња во остантите служби.
Павле Беловски