Антикорупциска бара раскинување на договорите за канцеларии на поранешните претседатели

Договорите за канцеларии за поранешните претседатели треба да се раскинат и да им се доделат простории во сопственост на државата бидејќи нема финансиска предлага Антикорупциската комисија. На денешната седница беше отфрлена и пријавата на просветниот инспектор Илиевски бидејќи антикорупционерите сметаат дека се ненадлежни во тој случај, а се расправше и околу начинот на кој министерството за култура одлучува кому ќе додели финансиска помош во рамките на годишната програма.

Антикорупциска поспувајќи по преставката околу закупот на канцеларии на поранешниот претседател Иванов утврдила дека станува збор за нетранспарента постапка во која корист остварило блиско лице на Иванов.

Антикорупционерите утврдиле дека праксата за канцеларии, кабинет и службено возило постои само во Македонија. Врз основа на ова досега државата потрошила 1,1 милион евра за кирија, сметки и плати на членовите на кабинетот на двајцата поранешни претседатели. Со оглед дека според антикорупционерите тие имаат почесна функција тие ќе побараат од СОЗР да ги раскине договорите и да им додели канцеларии во државна сопственост а од Собранието да се преиспита законот кој им овозможува привилегии како што е доживотна пензија во висина на платата.

На денешната седница се разгледуваше и преставка околу доделувањето на средства од министрерството за култура во рамките на годишната програма а заклучокот на антикорупционерите е дека бодувањето се врши „од ракав“ и доделувањето на средства нема прецизни стандарди. Иако постапката беше запрена од ДКСК, до министерството ќе се дадат прерпораки да се воведат реални и мерливи критерими при изборот на проекти.

Преставката на просветниот инспектор Илиевски антикорупционерите ја отфрлија бидејќи сметаат дека ДКСК не е надлежна по ова прашање а единственмо надлежен е Државниот просветен инспекторат.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ