ДКСК ќе бара отчет од УЈП и АД “Аеродроми” за партиски вработувања  

Антикорупциската комисија ќе побара од Владата да ги преиспита вработувањата на роднини на партсики функционери во УЈП и во АД “Аеродроми”.

Пратеничката од СДСМ Тања Ковачев ќе заработи прекршочна пријава затоа што не го пријавила вработувањето на сопругот во “Аеродроми”.

Покрај него во УЈП била вработена и нејзината сестра, а зетот се вдомил во Водовод.

Антикорупциска се сомнева дека се работи за партиско влијание и пристисоци при вработувањата затоа што во записниците нема конкретни образложенија врз кои основи и тестирања тие биле избрани на функциите.

Ќе се бара одговор и за вработувањето во УЈП на сопругата на директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, Катерина Котевска.

Во здраствените домови  вработувањата се вршеле со дискреционо право на министерот.

Таков е случајот со братот на пратеничката Анета Симевска од СДСМ. Жарко Симевски кој бил именуван за директор на Здраствениот дом во Македонски Брод.

Комисијата констатираше дека во овој случај се работи за  злоупотреба на функцијата.

Вработувале  и поранешни функционери. Поранешниот градоначалник од Лозово, Орце Цветковски кој делеше субвенции за женидби успеал да ги вработи своите внуци и братучеди во државни институции без соодветно образование, но предметите се застарени и антикорупциска нема да постапува по нив.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ