
ДКСК ја донесе петгодишната национална стратегија за спречување на корупција
Политичкото влијание, остуството на личен и институционален интегритет, недоволната транспарентност, отсуството на казнивост, недостаток на контролни механизми и надзор како и недоследности и недоречености во законските регулативи се клучните фактори во корупцијата во сите области и сектори во Македонија.
ДКСК денеска ја донесе петгодишната национална стратегија за спречување на корупција чии цели се зголемување на нивото на политичка одговорност, спречување на политичкото влијание, јакнење на интегритетот и транспарентноста при вработување во јавниот сектор кое треба да се базира на квалитет, јакнење на надзорните и контролните механизмии намалување на корупцијата во јавните набавки и доделувањето на грантови.
Кога станува збор за државната администрација од ДКСК сметаат дека мора да има јасни критериуми.
Во стратегијата стои дека носењењто на закони мора да биде рационално а тие квалитетни и издржани и дека мора да се елиминираат злоупотребите во предибоните процеси
Насоки има и во здравството каде мора да се воведе систем за формирање на цени на лекови и кај медиумите каде според антикорупционерите мора да се укине платеното политичко рекламирање.
Стратегијата го опфаќа периодот нд 2020 до 2024 година, во нејзиното изготвување кое траеше пет месеци учествуваше и невладиниот сектор и медиумите како и стратнски експерти а според ДКСК за успешно спроведување ќе бидат потребни одговрни институции и обезбедување на потребните ресусрси.
Огнен Чанчаревиќ