
ДКСК и ревизорите се заинтересираа за скапите авиобилети, обвинителството – не
Обвинителството не е заинтересирано за случајот со неколкуте туристички агенции кои постојано ги добиваат тендерите од институциите. Не гледа повреда на законите и покрај тоа што еден куп институции набавуваат авио карти од истите агенции, а за кои КОД веќе објави дека им ги продаваат речиси двојно поскапо од тоа што ги набавуваат.
- Во моментов сметаме дека нема повреда на постапката за јавни набавки, што е еден од елементите на кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик, соопштија од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
Но за да се дојде до вистината процесот е едноставен. Треба само да се ѕирне во системот преку кои сите агенции ги набавуваат авио картите. Таков беше примерот со авио билет пордаден на министерството за правда а кој телма го објави. Правда платило и до 200 евра повеќе само поради тоа што не побаралотуристичката агенција да даде доказ за оригиналната цена. Ова веќе е предмет на интерес на ДКСК но и на ревизорите.
Во меѓувреме комората за туризам веќе испрати допис до повеќе институции меѓу кои и финансиската полиција за да го истражат случајот.
- Се сомневаме дека е можна поширока форма на здружување организирана со намера да се оштети буџетот на РМ, во која, можно е да се вклучени и вработени лица во институциите корисници на јавната набавка, соопштија од Стопанска комора за туризам
Код веќе објави дека туристичката агенција Атлантис, Фибула и Њу вејс оф травел ги добиваат тендерите за тоа што наплаќаат 0,01 денари за услугата за резервација. Другите агенции се чудеа каде им е карот. Но токму разликата од набавна до продажаната цена е огромна, па сега тука шпаѓаат сомнежите. И двете обвинителства ја имаат ангажирано Атлантис, но СЈО побарало како доказ и оригинална фактура, додека државното во договорот нема таква клаузула, но се правда дека до сега ниту еден обвинител не летал во странство.
Билјана Николовска