
ДКСК ги доби доказите за случајот МНАВ, обвинителството молчи, во МВР на распит објавувачот на снимката
Купишта документи пристигнале во Антикорупцискатакомисија за случајот М-НАВ во кој е инволвиран и генералниот секретар на владата Драги Рашковски. Во последниот рок, вчера попладнето ги добиле сите докази кои ги побнарале од претпријатието за воздухопловна навигација, додека претходно и Владата ги доставилапобаранитедокументи.
По ова како што велат од ДКСК ќе почнат да истражуваат дали постои корупција во случајот со наводното местење тендер за набавка на радарскиот систем, проект финансиран од европската банка за обнова и развој. Доколку е потребна дополнителна документација тогаш антикорупционерите ќе продолжат со барањата и од претпријатието и од Владата.
Во меѓувреме оддржавното обвинителство молчат. Нема одговор дали е отворена истрага за ген секот на владата Драги Рашковскино и за директорите на М НАВ кои јадоговарале постапката за тендерот. За случајот беа објавени две аудио снимки од разговор меѓу Рашковски, разрешениот технички директор на МНАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата, Николче Тасески. Тендерот тежел 7 милиони евра а требало да годобие италијанската фирма Леонардо. Аудио материјалот беше објавен на интернет портал, а денеска објавувачот Љупчо Златев полицијата го повика на распит.
Од полицијата засега нема одговор во какво својство е повикан златев дали како сведок или осомничен. Не се знае и зошто МВР го повикува на распит, кога во обвинителството беа исто така доставуванидокази заслучајот од ВМРО ДПМНЕ. Здружението на новинари се огласи и ова го протолкува какопритисок кон новинарите засамоцензиура.
Инаку за скандалот со тајно објавениот разговор во кој генералниот секретар имаше и навредливи зворови се извини, рече дека не се мешал во тендерот и не поднесе оставка. НА негова страна се стави и премиерот Зоран Заев кој бараше милост од медиумите да не го критикуваат Рашковски.
Билјана Николовска