
Дивоградбите во Гостивар се решаваат единствено преку политички препукувања
Урбаниот хаос и дивоградбите во Гостивар градските власти засега ги решаваат преку политички препукувања. Од ДУИ партија која го предводи советот на општината, го обвинија градоначалникот Арбен Таравари дека не презема ништи против бесправно изградените објекти, напротив негови роднини како што посочија оттаму, градат на диво на места предвидени за спорт и рекреација.
Таравари призна дека тоа биле негови роднини, но истите немаат никаква поврзаност со општината. Им објави безкомпромисна борба на дивоградбите, кои според него, во доста голем број биле изградени во време на владеење на ДУИ во Гостивар
Граѓаните велат дека поради неконтролираната урбанизација и дивоградби и Гостивар се задуши, и стана еден од најзагадените градови во државата.
Сметаат дека конечно треба да се стави крај на оваа појава, и да се делува превентивно, но не и откако целосно ќе се изгради бесправниот објект.
Инаку досега општинската власт на Таравари има урнато само еден како што посочуваат оттаму дивоизграден ѕид, каде треба да се изгради локален пат.
Зоран Димовски