Диво работење во Шупљи камен

Неконтролирано се ископувал песок од реката Пчиња во кумановското село Шупли Камен, реагираат жителите. На оваа место, почина 15 годишно момче кое се удави во реката додека се капело. Мештаните сметаат дека државата дека нема контрола врз работата на фирмите на кои им дала дозвола да копаат,а некои од нив безмилосно го искористуваат овој природен ресурс, без да се води грижа за жителите и животната средина.  Иако веќе не се копа, штетата е веќе направена, им снемува вода за наводнување. 

Државниот инспекторат за животна средина за две години направил 11 редовни инспекции, но имало и една вонредна по пријава на  полицијата и на граѓаните. Пред еден месец дадена е забрана црпењето на песок од речното корито. А инспекторот побарал  Водостопнаството да испрати документи кој, кога, како има добиено договор за копање и дали се направени потребните мерења.  Инспекторатот тврди дека досега не ги добил бараните документи, додека пак од Водостопанството  соопштија дека документите се  пратени и дека се работи законски, но и дека записникот од инспекторот ќе биде обжален.

Во септември 2017 година, Владата носи одлука да се даде концесија за сепарација и геолошки истражувања на локацијата Шупли Камен. Министерството за економија распишува тендер а концесијата ја добива фирмата „Отљанац Звонко“ од Куманово. Но сопственикот на оваа компанија вели дека е спречен да  работи иако има лиценца. 

Кратко време подоцна друга компанија од Водосопанство добива дозвоила за да го одржува речното корито на истата локација. Оваа дозвола ја добива фирмата „4БТ“ ОД Скопје.  Со оваа компанија „4БТ“ соработува фирмата Профи компани, која купува песок.  И двете компании тврдат дека работат според законот.

Каде што овие фирми вршат ископ, неодамна загина младо момче, кое се капело во реката а мештаните обвинуја дека речното корито е небезбедно поради неконтролираното копање. По што следуваа и протести. Дополнително тврдат и дека инспекторот кој излегол на терен  направил кривични дела. А во врска со несреќниот крај на еден млад живот велат дека багерот кој бил запленет од МВР е на друга компанија која некој ја штител поради лични интереси. 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ