Диви тезги пред станбени објекти во Тетово

На тротоар, улица пред станбените објекти, веќе подолг период се продава овошје и зеленчук, но и разни прехранбени производи и облека.

Најлоша е сликата во тетовската населба Горна Чаршија, каде јавните простори се зафатени од дивите тезги.

Пазарџиите и трговците велат дека немаат друг излез, оти во овој дел од градот нема пазар.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека дел од дивите тезги веќе ги сместиле во градскиот зелен пазар. Најави дека ќе се реши проблемот и со дивите пазарџии во населбата Горна Чаршија.

Пазарџиите велат дека со избирање на локација ќе се зголеми продажбата која е многу намалена, поради немање на организиран откуп.

Најголем проблем на земјоделците во тетовско е неорганизираниот откуп. Министерот за земојделство Љупчо Николовски, уверува дека проблемот се решава на ниво на цела држава.

Вели дека преку разни мерки се стимулира проширување на постојните и отворање на нови преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, каде ќе може да се пласира произведеното.

Поради проблемот со пласманот многу земјоделци во тетовско се откажуваат од оваа дејност, а во последно време се почесто се корнат насадите со познатото тетовско јаболко.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ