Дисциплинска постапка за полицајците кои порачаа „Седете дома клошари“

Двајца полицајци се фотографирале за време на полицискиот час и со фотографијата на инстаграм упатиле порака „Седете дома клошари“. Откако постот се прошири во јавност се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР. Итно е поведена дисциплинска постапка. За друга фотографија која се споделуваше на социјалните мрежи а е со момче во полициска униформа  МВР утврди дека не е полицаец туку граѓанин 27 годишен Прилепчанец, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан полиција.  Ќе го казни прекршочно од 600 до 800 евра глоба заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник

И обвинителството денеска продолжи со барања за казни за граѓани кои не го почитуваат законот. Двајца кумановци не ја почитувале самоизолацијата и за нив е побарана казна од по 2 000 евра, а уште еден нивни сограѓанин угостител примил гостин во објектот и за него е побарана иста казна. Со казна од неколку илјади евра  се соочуваат и тројца Битолчани, еден охриѓанец, еден Штипјанец како и еден од Кочани.

Од кривичнит суд во Скопје денеска информираат дека ќе постапуваат по обвиненијата за сите случаи поврзани со ширењето на заразата.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ