Дисперзираните студии во помалите градови на истокот се покажаа како неодржливи

Експериментот со отварање на факултети и дисперзирани студии во секој помал град во земјава се покажа како неуспешен. Реновираните објекти на Електро-техничкиот факултет во Радовиш и Правниот факултет во Кочани се вратија на Министертвото за образование. Ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Блажо Боев вели дека причината за ставање на клуч на врата на овие објекти е миграцијата и процесите во земјава.

Со промената на законот за основање на штипскиот универзитет правно формално престанаа да постојат и факултети во Виница и Пробиштип. Студенти и професори во нив веќе неколку години нема, одлуката смета дека е логична бидејќи продуцираат трошоци.

Радовиш веќе си го зеде објектот под општинска капа, Кочани размислува дали ќе го побара објектот за потребите на општинската администрација. Во меѓувреме штипскиот универзитет прави дополнителни анализи за дисперзираните студии во Прилеп. Анализите и бројот на запишани студенти покажува дека освен Штип одржливи дисперзирани центри се во Струмица, Кавадарци и Скопје.

Боев смета дека постојните дисперзираните центри се оправдани и одржливи, бидејќи во нив  се едуцираат кадри од областа на земјоделието, лозраството, производството на вино, но и стручни кадри за индустријата, какви што бара бизнис секторот.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ