Дискутабилна распределба на буџетски средства и естрадизација

Дискутабилна распределба на буџетските средства и естрадизација на културата се наше секојдневие, без оглед која партија е на власт реагираат македонските музичари. Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ и овој пат ќе биде главна ѕвезда на годинашниов Пивофест.

Зошто не можеме да видиме колку данок и на чија сметка е исплатен настап на некоја Јеца или Меца, за некои од нив имаше и транспарентно објавено дека зeмаат хонорари и од 30.000, 40.000, 50.000 евра па нагоре. Јас знам суми неофицијално и од 70, 80. 000 евра па нагоре. Кој го плаќа персоналецот на тоа? Ние настапуваме со Суперхикс следната недела и добивме работни дозволи од еден ден од МУП Хрватска за настап во Хрватска, вели Петар Младеновски од Суперхикс.

Буџетот кој го одвојува локалната самоуправа за ПИВОФЕСТ е 2, 5 милиони денари за покривање на авторските хонорари на учесниците. Хонорарите ќе бидат јавно објавени веднаш по завршувањето на фестивалот на веб страната на општина Прилеп, вели градоначалникот Јованоски.

Ќе бидат објавени сите средства што ги дава општината, со кого е склучен авторскиот договор и која е сумата.  Апсолутно ќе бидат до денар јавно прикажани. Со кого е склучен авторскиот договор и која е сумата. Останатите што ги организира организаторот Баги агенцијата тие по пат на спонзорства, организаторот со пиварите и со други спонзори од државата ги исплаќа хонорарите што ние немаме увид во тоа  и сигурен сум тие јавно и транспарентно ќе ги објават и данокот итн, вели Јованоски.

Кои се критериумите на конципирање на еден ваков фестивал ?

Ние пред да го објавиме огласот за организатор на фестивалот направивме неформална анкета со граѓаните и најголем дел 65 % сакаат да имаат барем еден ден една мега ѕвезда. Не станува збор за која, но сакаат балканска мега ѕвезда која му дава форма и драж на Пивофестот, тврди прилепскиот градоначалник.

Македонските ѕвезди без разлика дали се од поп, рок или од класична музика можат да донесат публика и тоа се случуваше на неколку наврати во Скопје и на други фестивали на кои македонски бендови имаа по десетина – петнаесет илјади публика, смета Младеновски.

Во рамките четиридневниот Пивофест  во организација на општина Прилеп и агенцијата „Баги комуникации“ ќе настапат повеќе домашни и изведувачи од регионот. Се очекуваат голем број домашни и странски посетители. Годинава нема да има огномот, средствата за тоа ќе бидат пренаменети во добротворни цели за Здружението на лекувани алкохоличари, рече Јованоски.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ