Дискриминирани колпортерите на „Лице в лице“

Колпортерот и писателката само сакаа да го претстават најновиот број на списанието „Лице в лице“,  но за жал наидоа на дрскиот и вулгарен однос на некои вработени во кафулето да го напуштат локалот. Ваквите реакции се само доказ за недостиг на емпатија  и поддршка на најзагрозените слоеви во општеството на кои секојдневно сведочиме.

Тунан Садик веќе две години го продава списанието „Лице в лице“ и како што вели е посебно горд дека со парите кои ги заработил си создал дом . За жал продавачите на „Лице в лице“  можете да ги сретнете само во центарот, но не и во останатите делови на градот, бидејќи не ретко се соочуваат непријатни дофрлувања и нивно неприфаќање.

„Кога одиме на други места не ни дозволуваат да влегуваме и тоа ни е проблем. И затоа тука повеќе се вртиме во Дебар маало, повеќе ни дозволуваат да влегуваме, имаме со луѓето едно здраво, се запознавме премногу и луѓето дури не частат кафе, си муабетиме. Се добро ни иде тука во Дебар маало“.

По бурните реакции во јавноста и на социјалните мрежи кафулето Боката на својот фејзбук профил се извини на списанието „Лице в лице“, по инцидентот со бркање на продавачите и писателката и новинарка Јагода Михајловска – Георгиева.

„Како сите граѓани така и ние немаме ништо против лицата со посебни потреби и сите останати групи што се наведени во текстот. Секогаш сме поддржувале хуманитарни акци. Бараме разбирање бидејќи во нашиот локал  секојдневно влегуваат лица од различни категории и не се сите со добра намера. Што ги вознемируваат нашите гости. Во иднина ако сакате да го продавате вашето списание кај нас би ве замолиле претходно да бидеме известени“.

Доброто оппштество не го прават само законите, туку и етичките стандарди во секојдневното однесување, затоа е потребно да има дебати кои ќе ги унапредат правата на сите граѓани, но посебно кон маргинализираните групи, смета Анета Ристевска.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ