Директори на десет тетари и Центри за култура од Владата бараат ревизија на Националната програма

До каде ќе оди скандалот сдо парите за култура е незизвесни, зошто иако премиерот Заев најави дека ќе остане програмата за националните установи, на нозе се кренаа и театрите. Директори на десет тетари и Центри за култура до Владата доставиле барање за ревизија на Националната програма и бараат итна средба со надлежните.

Дописот е испратен од иректорите на Македонскиот Народен Театар, Драмски театар, Театар Комедија, Турски театар Скопје, „Антон Панов” Струмица, „Марко Цепенков” Прилеп, „Јордан Хаџи Константинов Џинот” Велес, „Трајко Прокопиев” Куманово, Народен театар  Битола и Центарот за култура од Битола.

Дел од забелешките се за нееднаков третман на тетарите, ни е етничко фаворизирање на дел од албанскјите театри. Само површна анализа, на пример, на Тетарите во Тетово и Куманово: Тетарот во Тетово има добвиено два проекти од по 1, 5 милион денари и 1,7 милиони денари, но иако има вработено и актери Македонци, нема ниту една претстава на македонски јазик.

Воедно во Тетово се поддржува театарски фестивал во Тетово со 1,8 милиони долари, а се укинува Фестивалот – Денови на Комедијата во Куманово.

Кумановскиот тетар дополнително има одобрено три проекти во вредност колку еден во тетовскиот театар. Или пак – новоформираниот тетатар во Гостривар добива енормни суми како ниту еден друг тетар , ниту скопските – за  три проекти вредни вредни 4 милиони и 700 илјади денари, без ниту еден проект на македонски јазик, а Велешкиот тетатар за три проекти добива вкупно колку еден проект во гостиварскиот тетатар. Дополнително укинат е фестивал на античка драма – Стоби.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ