Дипломатска офанзива во пресрет на референдумот

Посетата на канцеларката на Германија Ангела Меркел е позитивен сигнал и подршка за Македонија за сите активности кои ги спроведува за прием во НАТО и ЕУ. Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов вели дека ова е доказ дека нашата држава има пријатели однадвор кои сакаат да помогнат за подобра иднина и развој а не ниту случајно што Меркел доаѓа во Скопје на 8 септември, денот на независноста.

Тврди  дека Германија го подржува Договорот со Грција со кој се решава долгогодишниот спор а референдумот е демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата.

Дипломатската офанзива во пресрет на референдумот се засилува неделава. Генералниот секретар на Нато Јенс Столтенберг ќе пристигне утре вечер, а во петок канцеларот на Австрија, Себастијан Курц. Поранешниот амбасадор Филипов оценува дека Македонија мора да ги искористи сите можности што се нудат.

Не е исклучена можноста и во наредниот период во посета на државава да дојдат и други високи државници кои ќе дадат подршка во пресрет на  референдумот.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ