Дипломатијата се уште има многу работа пред себе смета Советот на амбасадори

Доколку има докази дека некои од луѓето кои Турција бара да и бидат екстрадирани се поврзаи со тероризам, Македонија ќе постатапи по тоа барање. Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев според кого за овие предмети е надлежно Јавното обвинителство.

За новиот предизвик со кој се соочува македонската држава и дипломатија со барањето на Анкара, што може да влијае врз ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО од страна на Турција, став изнесе и претседателот на новоформираниот Совет на амбасадори, Љупчо Арсовски, според кого ова не е првапат некоја земја да ни испорачуваат барања во моменти кога ни е потребна поддршка.

Арсовски смета дека дека македонската дипломатија се уште има мноу работа пред себе, пред се на засилно градење на довербата меѓу земјите и на релаксирање на затегнатите односите кои ги прават одредени структури во сите земји во регионот.

Аросвки притоа смета дека Преспанскиот договор е неповратен процес, и најавите на некои од претседателските кандидати и партии дека тој може да биде отворен и ревидира, го означи како предизборна манипулација.

Советот денеска го формираа амбасадори кои веќе не се активни во дипломатија, како и поранешни министри. Програмата и целта им е тој да биде додадена вредност на македонската дипломатија и да им помага на институциите креатори на надворшената политика со своето искуство и контакти во земјите каде биле амбасадори.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ