
Димовски: Забелешките на опозицијата се стручни и суштински, пописот да биде по стандардите на Евростат
Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Тие не се мали и се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Евростат. Само таков попис може да биде од корист на сите, а не операција која ќе предизвикува страв или радост кај граѓаните од губење или добивање одредени права, порача денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој забелешките ќе ги пресе на тим од Владата со кој ќе имаат средба на оваа тема.
Меѓу клучните барања на опозицијата се пописот да се одржи во 2021 година, како што било предвидено според ЕВРОСТАТ, а не како што предвидува Владата. Тој период, рече Димовски, треба да биде искористен за подобра подготовка.
Тој не исклучува ВМРО-ДПМНЕ да се согласи и пописот да се одржи догодина, но, како што рече, само доклку се вградат суштинските забелешки. Во спротивно, потенцира Димовски, останува отворена опцијата партијата да повика на бојкот на пописот.