Димовски: Амнестијата не е услов за ДИК

Претседателот на Комисјата за избори и именувања Илија Димовски вели дека Амнестијата не е услов за избор на ДИК. Нема да закаже седница за избор на ДИК се додека партиите не постигнат компромис затоа што целата постапка однапред ќе биде осудена на неуспех и целиот процес би се вратил на почеток.

Димовски упати апел до владејачкото мнозинство да седнат со опозицијата, да разговараат и да ги прифатат барањата за носење на Законите за финасирање на политички партии и за Влада. Доколку би се одржале евентуални предвремени избори, тогаш неопходно е да се формира техничка Влада што беше случај на претходните избори.

СДСМ го повика ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Очекувата Димовски да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, што е предуслов за одржување референдум.

Роковите за избор на ДИК веќе се пробиени и останува неизвесно дали до 17 јули ќе се избере ова тело за кое е неопходно двотретинско мнозинство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ