Димковски: Земјоделците изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ

Земјоделските протести се политички организирани, поголемиот дел од барањата на земјоделците кои излегоа на протест веќе се реализирани истакна денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски.  Тој додаде и дека нема потреба од давање на рокови за решавање на проблемите во земјоделието непотребен, затоа што според него , министерството за земјоделие е во постојана комуникација со земјоделците.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ се огради од обвинувањата на власта – велат дека организатори на саботните протести пред Владата се земјоделците , а тие само им дале поддршка. 

Во саботата земјоделци од повеќе региони во Македонија протестираа пред Владата. Побараа редовна и повисока исплата на субвенции и решавање на проблемот со откупот за земјоделските производи да не завршуваат во депонии.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ