Димковски: Се подготвува кривична за Трипуновски

По упадот кој го напави дополнителниот министер Цветан Трипуновски во подрачните единици на Министерството за земјоделство во Берово, денеска министерот Трајан Димковски рече дека раководителот на подрачната единица подготвува кривична за Трипуновски.

Трипуновски, во петокот со вклучена камера влезе во канцелариите во подрачната единица во Берово испрашувајќи ги како работат. Веднаш потоа следуваа реакции од јавноста а се огласи и синдикатот на УПОЗ посочувајќи дека Трипуновски го нарушил личниот интегритет на вработените и се карактеризира како мобинг.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак застанаа во негова одбрана со став дека само ја контролирал работатат на вработените.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ