
Димитровски и Главчев остануваат на слобода за “Поштенска Банка”
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на СЈО кое бараше притвор за Ратко Димитровски сопственик на Европа 92 и Тони Главчев, сопственик на Ноел, осомничени во истрагата “Поштенска банка”. Кривичниот совет ја потврдил одлуката на судијата на претходна постпака кој во саботата им определил мерки на претпазливост и дополнитлено им е определиена уште една дополнитлена мерка -привремено одземање на пасошот и забрана за издавање на нов, информираат од судот.
Во истрагата на СЈО опфатени се девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра информираа од СЈО. Застареност е настапена поранешните функционери Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски.