Димитров во посета на Франција

Интеграцијата и перспективите на државата, во пресрет на советот на Европската Унија и зачленувањето во НАТО, се главните теми, за кои министерот за надворешни работи, Никола Димитров, разговара со француски официјални претставници во Париз.

Димитров е таму во работна посета, на која ќе се разговара и за актуелната состојба и за перспективите за натамошен развој на македонско-францските односи.

Македонија очекува да добие датум за почеток на преговори со унијата во октомври, но Франција е една од земјите која инсистира прво на реформи во самата унија, а потоа проширување.

Освен Франција, резерви кон Македонија имаат и Холандија и Данска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ