
Димитров го брифираше Иванов, претсдателот не прифаќа ерга-омнес решение
Претседателот Ѓорге Иванов, денеска лично беше информиран од шефот на дипломатијата за преговорите околу името, по што тој, го повтори ставот дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба. Иванов по средбата преку соопштение подвлече дека Димитров усно информирал за последните случувања со преговорите, без притоа да приложи каков било писмен документ. Според Иванов непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.
„Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, се пренесува во соопштението изјавата на Иванов.
Во меѓувреме грчката влада преку соопштение го повтори својот став за ерга омнес решение.
„Ставот на Грција е јасен. За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, се енаведува во соопштението од грчката влада.
Истовремено таа одговори и на обвинувањата на грчката опозиција дека владата на Ципрас се повлекла од националните позиција за ерга омнес и дали веќе се обврзал да дозволи интеграција на Македонија во НАТО, без да бидат отстранети од Уставот иредентистички наводи, велејќи дека „се уште не е постигнат договор со Скопје“. Но владата во Атина соопштението не го завршува тука, туку продолжува сосврнувајќи се на писмотот упатено од МПЦ-ОА до Вселенскиот совет за отстранување на името „Македонска“ од името на нашата црква за да се затвори спорот со СПЦ, и на писмотот од Заев, при што вели дека Заев единственото нешто во моментов е одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го направи неопходнот чекор да ги задоволи барањето на македонскиот премиер да се тргне името „Македонија“ од името на црквата на северниот сосед“.
Истиот став денеска го повтори и заменикот министер за надворешни работи Јанис Аманатидис, кој во изјава за едно грчко радио рече дека нема конечно решение за името, но им позитивен развој на настаните околу црковниот аспект на ова прашање.
Македонија го напушта името на црквата во Скопје, изјавил Аманатидис.
„Тоа е многу важен чекор, тоа е она што го бараше грчката црква, и црковниот аспект на прашањето оди кон решение“, изјави Аманатидис.
Аманатидис, во однос на преговорите за името изјави рече дека и кај двете страни постои политичка волја за да се реши проблемот и оти тоа ќе биде збир на прашања што ќе бидат затворени како пакет поточно решенито ќе биде комплетен договор без делење на сегементи.
Тамара Грнчароска