Димитров: Ситуацијата со преговорите за името се менува секојдневно

Се обидуваме да најдеме решение на спорот со името, но не е се во наши раце, вели минситерот за надворешни работи Никола Димитров. Според него, решението треба да ги покрие грижите на двете страни во смисла на дистинкција на државата Македонија и на регионот Македонија во Грција,  но кое ќе биде достоинствено и нема да навлезе во идентитетските прашања на двете страни .

Шефот на македонската дипломатија не прецизираше кога во Македонија ќе дојде неговиот грчки колега Никос Коѕијас кој треба да ја донесе грчката нацрт спогодба за решавање на спорот. Според него, во тек е усогласување меѓу аншето министерство, на Грција и канцеларијата на медијаторот Нимиц. Очекувањата се тоа да биде кон крајот на неделава. Прашан за иницијативите од гршка страна за менување на македонскиот устав, межу кои и таа на Коѕијас, Димитров одговори дека големата експлицитност во јавност може да го отежне заедничкиот јазик на преговарачаката маса

Потребата од давање Поголема шанса на преговарачкиот процес ја посочи и премиерот Заев

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за грчкиот весник Документо вели дека потребна е промена на Уставот за името да биде и за внатрешна и за меѓународна употреба, но и да се избегнат идни обвинувања дека биле прекршени  уставните одредби

„Промената на Уставот на пријателот и сосед , значи, прво имплементација на ерга омнес, односно употреба на новото име во сите случаи, на меѓународно и внатрешно ниво, како и за избегнување на идни несогласувања што би произлегле без оваа промена. Второ, дека во иднина би се избегнало една друга влада кај соседот да побара објаснување за прекршување на Уставот, ако Меѓународниот договор излегува од надлежностите“, кажа Никос Коѕијас.

Според Коѕијас, решението не треба да биде едниот да му го наметне неговото мислење на другиот, туку во пакет договор што ќе ги содржи неопходните заемни компромиси. На прашањето колку сме блиску до договор, изјавува дека е умерено оптимист.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ