Димитров: ВМРО ДПМНЕ да ги повика гласачите да излезат на референдумот

Успешниот референдум е само начин да се добие политички легитимитет на договорот за името со Грција, но не и услов истиот да стапи во сила. Ова го порача Министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој посочи дека само преку уставните измени договорот ќе може да се ратификува. Смета дека тоа ќе се случи со гласање во парламентот. Тоа е најпозитивното сценариo рече Димитров, не исклучувајќи ја можноста за нови избори, ако во парламентот не се обезбеди двотретинско мнозинство кога ќе се гласа зa спогодбата

Тој апелираше oпозиционата ВМРО ДПМНЕ да ги повика гласачите да излезат на референдумот, каде со своја глава ќе гласаат против или за. Партиите треба да се натпреваруваат на политички план во многу области, но не и за вакво крупно прашање.

Тој попладнево се сретна со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која ги повика граѓаните да го дадат својот глас на престојниот референдум. Само преку решавањето на прашањето за името, Македонија ќе биде постабилна, просперитетна и дел од големото семејство на НАТО и  ЕУ.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ