Димитров очекува во Виена да дојде до поместување во прашањето за името

Министерот за надворешни, Никола Димитров очекува во Виена да дојде до поместување во прашањето за името. Во пресрет на новата рунда преговори за спорот околу името, закажана за петок во Виена, Димитров рече дека духот и традицијата на Виена, можеби ќе ни помогне да го поместиме проблемот напред, и да има нешто конкретно и видливо, во насока на надминување на прашањето за името.

„Овој проблем е најважен за нас, и за другата страна, меѓутоа има важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот. Во процесот мора да се земат предвид позициите и аргументите на двете страни, и мислам дека ќе биде многу корисно ако размислуваме, што е тоа, што е најважно за Македонија, што е тоа што е најважно за Грција, и тоа е патот што ќе не донесе кон решение“, рече Димитров.

„Целта на процесот е да станеме блиски, да решиме еден долгогодишен, децениски, проблем и да научиме да си веруваме едни со други и да бидеме сојузници, бидејќи меѓудругото, решението ќе не води кон сојузници и во ЕУ и во НАТО“, рече Димитров.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ