
Димитров: Нема да преговараме за идентитетот
Идентитетот не може да биде предмет на преговори, беше дециден денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по средбата со посредикот во спорот за името, Метју Нимиц.
Димитров рече дека ако преговорите дојдат до тоа да го допрат идентитетот, тогаш нема да има решение. Според него проблемот не може да се реши ако една од страните се чуствува поразено.
„Апсолутно не. Идентитетот не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Тоа е резултат на историски процес и прашањето е многу поголемо од мене, и воопшто од целата генерација на денешните политичари, а веројатно и идните. Ако дојдеме до таа точка за решние да треба да се допре иднетитетот, за жал нема да има решение. Но, ќе биде многу жално ако две европски држави во 21 век тоа не го препознаат“, рече Димитров.
Димитров уапти порака до грчката страна која непосредно пред посетата на Нимиц преку министерот за надворшени во Коѕијас јавно ги исцрта грчките позиции и барања во преговорите, меѓу кои дека во пакетот за решението треба да ги опфаќа и идентитетските прашања.
„Треба да се биде исклучително внимателен при соопштување на крајните ставови во јавноста. За да има решение многу е важно во процесот да се однесуваме внимателно, бидејќи колку повеќе зборуваме за црвени линии во јавноста, толку помалку има простор за разговор и се намалуваат шансите да се најде решение што ќе биде прифатено за двете страни на границата“, рече Димитров.
Димитров беше дециден дека владата е посветенена на изнаоѓање на прифатливо решение за двете страни на достоинствен начин. Доколку има достоинствен начин за решение, рече Димитров, ние ќе го најдеме, но може и да нема таков начин, но ќе се бидеме да го најдеме. Димитров на Нимиц му пренел дека некои од идеите не му се лоши, но оти некои кај македонската страна предизвикуваат загриженост.
Нимиц по средбата со Димитров рече дека ја слушнал и македонската страна и нејзините гледишта и дека процесот генерално се движи напред. Според него процесот дошол во точка во која и кај двете страни има волја за решение и оти тоа треба да се искористи. Сепак тој констатираше дека се уште постојат разлики меѓу страните.
„Сега е моментот, зборувам за недели, месеци, но не на подолг период. Мислам дека сега е време за решение. Повеќето од прашањата се на маса. Не е лесно, но нема да биде полесно ни во иднина. Можеме со нив да се соочиме се. Мислам дека треба брзо да се движиме, во денови, да се обидеме некои од овие прашања да ги решиме и да се приближиме до решение. Идните неколку месеци ќе решат дали имаме вистинки прогрес или не“, изјави Нимиц.
Нимиц потврди дека е пооптимист сега од било кога дека постои можност за решение.
„Има објективни причини зошто е ова добро време за договор. Постои ризик во иднина ако не направиме нешто сега. Времето не стои во место и иднината е несигурна и ако навистина не направиме прогрес сега и не го решиме никој не може да каже што ќе се случи во годините кои следат“, изјави Нимиц.
За прашањата на идентитетот, Нимиц го повтори ставот дека ОН не се инволвираат во разговори или дефинирање на идентитетот на луѓето. Притоа смета дека македонската власда е многу добро квалификувана да го штити идентитетот налуѓето и не смета дека граѓаните на земјава треба да се грижат дека владата ќе го отвори тоа прашање.
Димитров за тоа дали Македонија ќе го менува Уставот по евентулано решение, рече дека нема да одговори за да не направи штета на процесот, бидејќи се уште не е постигнат договор за да се зборува за имплементација, но подвлече дека пред некој да излегува во јавност со изјави за менување на устави прво треба тоа прашање добро да го истражи и да не ја збунува јавноста.
Тамара Грнчароска