
Димитров не знае која е пријателската држава која обезбедила докази за „Рекет„
Министерот за надворешни работи, не знае на која земја се алудира во некои наводи дека, доказите за случајот со „рекетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и обвинител, се обезбедени со посредство на пријателска држава.Вели и дека не смее да не` обземе атмосфера на дефетизам, затоа што државата не може да се дигне на нозе преку ноќ.
Реакциите на партиите се различни. Опозицијата обвинува за вмешаност на власта, СДСМ охрабрува, додека од ДУИ се разочарани.
За пратениците од СДСМ, вчерашните случувања е доказ дека нема и не смее да има недопирливи за правдата.Но, не сакаат да коментираат за евентуалното барање на одговорност од своите колеги од пратеничката група, за кои во јавноста се шпекулира дека се вмешани во случајот.
Пратеникот Антонио Милошоски, пак, тврди дека, главниот нарачател кој давал инструкции во случајот „Рекет“,е дел од владејачка партија. Милошоски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство. со кој треба да се реши и понатамошниот статус на СЈО, тврди и дека, на актуелни министри во Владата и досега им било укажувано за незаконитостите и пречекорувањата на овластувањата во работата на СЈО. Од опозиската БЕСА, пак, сметаат дека треба да се најде начин како СЈО да продолжи да функционира, со нови обвинители кои се докажани дека се независни во својата работа.
Далиборка Дамјанска Цветановска