Димитров: Не сме совршени, но имаме силно досие за пристапување во ЕУ

Не сме совршени, но имаме силно досие и испорачавме. Вака министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска од Солун повторно побара од Европскиот совет во март да донесе одлука за старт на преговори со Македонија. Според него крајно време е да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех.

Европа цела, стабилна, успешна и во мир, не може да се замисли без целосна интеграција на Западниот Балкан. И повик, согласно заклучоците на Европскиот совет минатиот октомври да се донесат одлуки за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред самитот во Загреб, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија.

Димитров на конференцијата посветена на европската перспектива на Западниот Балкан, рече дека за да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е без одлагање да се постигне консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, додавајќи во тој контескт дека март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание.

Димтров прито рече дека земјите-членки кои учествуваат на конференцијата и кои се за преговори за Макеоднија и Албанија треба да ги потсетат останатите членки на вњетувањето дадено од Унијата во 2003 година, токму во Солун, дека индината на Балакнот е во Европската унија.

На конференцијата во организациија на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендијас, учествуваа и министрите за надворшени работи на Бугарија, Хрватска, Словенија, но претставници на Европската комисија.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ