Димитров на серија средби во Вашингтон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров е во Вашингтон, каде попладнево во Стејт департментот, ќе се сретне со американскиот Државен секретар Мајкл Помпео. Средбата е закажана во 14 часот по локално време.

Димитров, ќе се сретне и со високи претставници на американската администрација, на Советот за национална безбедност, на Стејт департментот, на Конгресот, но и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

Димитров  синоќа се сретна со претставници на Херитиџ фондацијата и Школата за напредни меѓународни студии при Џонс Хопкинс универзитетот.

„Искрен разговор во Херитиџ фондацијата во Вашингтон, и благодарност за нивната континуирана поддршка за членството на Македонија во НАТО.  Со мудри пријатели и чудата се возможни. Прекрасна средба со Мајкл Халцл, Ден Сервер и Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Џонс Хопкинс универзитетот“, напиша Димитров на својот налог на твитер, по овие средби.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ