(видео)Димитров: Македонскиот народ го говори македонскиот јазик

Ова процес во основа значи последен чекор кон на затворање на македонското прашање, тоа е процесот на нашето заедничко ратсење со соседна Бугарија, рече во вечерашната емисија Вин Вин на Телма, министерот за надворешни работи Никола Димитров по ставот на Бугарската Академија на науките дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Тој рече дека тој процес мора да заврши со прифаќање на нашата сегашна реалност а тоа е дека македонскиот народ зборува на македонски јазик.

„Ако ние се чувствуваме загрозени се разбира дека ќе имаме гард и недоверба, а со тоа ќе биде и многу тешко да развиваме блискост и пријателство“, рече Димитров.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ