
Димитров: Македонија е можност ЕУ да покаже дека пристапниот процес може да трансформира општества
Општествата навистина можат да се трансформираат доколку се поправат грешките, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање Самитот ЕУ- Западен Балкан, кој се одржува во Лондон, на сесијата Иднината на берлинскиот процес. Потребен ни е пристапен процес во ЕУ, а ова би била втора и последна шанса за мојата генерација да се надева на подобар живот со европски вредности, додаде Димитров.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакна дека референдумот е слободен избор на граѓаните, а не ситуација во која нешто им се наметнува и додаде дека доколку земјата ги исполни условите, земјите-кандидатки се обврзани да реагираат позитивно.