Димитров информира за разговорите за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР.

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Тој во Виена во петокот имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц.

За разговорите во Виена денеска и утре во Атина, шефот на дипломатијата на Грција ќе ги информира лидерите на грчките политички партии.  

На 27 јануари годинава во клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името, на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ