Димитров и Коѕијас со желба да се реши спорот, но разликите остануваат

Чесно решение, од грчка страна и одржливо решение со достоинствена дистинкција, од македонска, е она што се посакува да го содржи решението во спорот околу името. Министрите за надворешни работи и на Македонија и на Грција, денеска во Скопје изразија согласност дека решение на спорот околу името ќе им овозможи заедничка иднина на двете земји.

Лесното во политиката е да не правиш ништо, е ставот на Коѕијас, спород кого министрите на двете земји се должни да наоѓаат решенија кои ќе помагаат на нивните земји и покрај мислењето на јавноста.

„Веруваме во некои чесни договор од кои што во иднина и двете вете страни ќе имаат придобивки и нема да има некој што ќе изгуби, а некој што ќе добие. Грција посакува компромис и не може никогаш да го добиеш тоа што го имаш во главата. Треба да го добиеш тоа што е  главно за тебе и да го дадеш тоа што е главно за другата страна“, рече Никос Коѕијас, министер за надворшни работи на Грција.

Димитров од своја страна објасни дека Македонија се залага за оддржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

„Одржливо решение е тоа што со помош на двете страни ќе биде прифатено од двете страни и од јавноста и од граѓаните. Наше е да дојдеме до точка каде што ќе биде подготвени тоа да го отвориме, да го понудиме и да го бранием. И одржливо решение според мене е тоа што на двете страни ќе им овозможи напред и прифатливост“, изјави Никола Димитров, министер за надворшени работи на Македонија.

Коѕијас и Димитров денеска разменија и мислења за нацрт-спогодбите кои неодамна меѓусебно си ги разменија двете земји, а во кои се содржани нивините позициите во преговорите.

За тоа дали ќе ги забави преговорите тоа што наместо еден документ, на преговарачката маса сега има три документи, нацрт-спогодбите плус предлогот од Метју Нимиц,  шефот на грчката дипломатија рече дека текстовите се прават за да се разјаснат позициите на двете страни и оти на крај ќе има само еден документ, од медијаторот Нимиц, дефиниран со резолуција од ОН, во кој ќе биде ставено се што е договорено меѓуи двете страни. Ни Коѕијас ни Димитров не кажаа дали и по кои прашања трите документи се совпаѓаат.

И покрај позитивниот пристап и желбата која ја искажаа двајцата министри за надминување на спорот, нивните изјави сепак покажаа колку се уште постојат разликиво позициите меѓу двете страни за надминување на спорот. Коѕијас потврди дека остануваат на барањето за промена на македонскиот Устав, а Димитров дека за Македонија не е прифатливо сложено име, слеано и без превод.

„Не бараме повеќе гаранции, едноставно го земаме предвид иксуството што го имеме во ЕУ со одлуките на уставни судови кои што сметаат дека уставите остануваат над европското и меѓународното право. За уставната промена што ја бараме дискутираме и мислам дека е потребно да го разјасниме сето тоа и да видиме на крајот каде ќе завршиме“, изјави Никос Коѕијас, министер за надворшни работи на Грција.

„Не може да се каже дека сложено име со некаква одредница, која што го содржи зборот ’Македонија’ малку е тешко да се аргументира дека тоа е ако имаме еден збор. Можеби ако се изговори брзо може и да се подизгуби, да не звучи како ’Македонија’. Мислам дека е тоа тешок рагумент. Тоа не е најверојатно најдобриот правец“, Никола Димитров, министер за надворшени работи на Македонија.

Коѕијас по разговорите со Димитров оствари средба и со премиерот Зоран Заев, а попдладнево ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, как и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Посетат на Коѕијас и вчера и денеска беше проследена со протести организирани од неколку здруженија под мотото Македонија на Македонците. Додека утрово траеше средбата на двајцата шефови на дипломатии, пред министерството за надворшени работи мала група на луѓе протестираа против промена на името со барање да се прекинат преговорите со Грција.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ