Димитров и Koѕијас повторно на заедничка маса

Се интензивираат средбите на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција. Денеска Димитров и Коѕијас повторно ќе седнат на заедничка маса, овој пат во друштво на нивните колеги од Бугарија и од Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати, на квадрилатералниот состанок во Солун.

Засега , ниту од македонска, ниту од грчка страна не откриваат дали е предвидена билатерална средба, на која повторно би се отворило и прашањето за спорот со името.

Премиерот Заев вчера, кажа дека доколку сепак не успеат преговорите, Владат има и план Б. Ако останеме блокирани пред НАТО и ЕУ, ние ќе мораме Европа да ја донесеме во Македонија, рече Заев. Коѕијас пак во најновото интервју  го повтори ставот на грчката влада дека правилно постапиле што го отвориле прашањето за ерга омнес и дека е потребна промена на Уставот.

Квадрилатералниот состанок на министррите продолжува и утре. Меѓу темите се iнтеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, последиците од движењето на бегалците и мигрантите кон Балканот, како и иднината на Европа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ