Димитров: Граѓаните од регионот нема ништо да изгубат доколку процесот на прошување е со поголема проверка и голем кредибилитет

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент каде побара од Европската Унија да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство дадено во јуни 2018-та година.

Министерот порача дека Европската Унија треба да продолжи да влијае позитивно врз реформскиот процес во регионот, и дека поради тоа е важен нејзиниот кредибилитет во однос на Северна Македонија, кога четиринаесет години е земја кандидат за членство, со десет последователни препораки за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Димитров истакна дека доколку оваа недела нема позитивна одлука за старт на пристапните преговори со Унијата, „нема да биде лесно“ да се продолжи со истата политичка енергија во земјата, но и дека тоа ќе значи голема разочараност за самите граѓани.

-Потребно ни е горивото кое доаѓа со таквото политичко охрабрување за да продолжиме да се движиме во правата насока, изјави Димитров пред европратениците.

Тој изрази поддршка и за барањата на Франција за промена на методологијата за преговарчкит процес.

„Ја разбираме и поддржуваме француската иницијатива за преиспитување и реформа на самиот процес на прием на членки. Сметаме дека тоа е значаен темел на политиката на проширување и граѓаните од регионот нема ништо да изгубат доколку процесот на прошување е со поголема проверка и голем кредибилитет. Ако е повеќе фокусиран на промените на терен немаме што да добиеме ако Советот во петок ни рече вие сте подготвени да ни се приклучпите во понеделник. Ќе бидеме истата земја“, рече меѓудругото шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред европратениците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ