
Димитров: Договорот со Грција ќе се исплементира со 4 уставни амандмани
Референдумот не е правен услов во Договорот со Грција, туку е политички заложба и ветување на политичките партии во Македонија. Вака министерот за надворешни работи денеска го објасни процесот кој ќе следи по референдумот, а кој предвидува Договорот за името да се врати во Собранието.
„Ако има еден глас повеќе за ’не’, против, ’јас сум против членството во ЕУ и во НАТО прифаќајќи го целосно Договорот со Грција“ ние ќе се поклониме и ќе кажеме дека оваа работа не поминува. Но само ти што гласаат можат да влијаат врз таа одлука. Ако мнозинство големо од граѓаниоте кажат да, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе с еврати во Собранието на Македонија“, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија.
Димитров информираше дека имплементација на Договорот предвидува четири уставни амандмани со кои ќе се додаде географската одредница „Северна“ во името, поцврста гаранција за границите, дека Грција и Македонија немаа територијални претензии една кон друга и оти грижата за македонското национално малцинство во соседните држави ќе се прошири на грижа за правата на целата македонска дијаспора во светот. Димиторв притоа нагласи дека уставните амандмани не се напишани, ниту се преговарани, а ќе ги формулира Собранието низ јавна дебата и во комисиите.
Преамбулата на Уставот нема да претрпи измени во државно-правниот наратив кој, како што рече Димитров, почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до рефрендумот за независност во 1991, туку во уставните амандмани ќе се именуваат конкретните одлуки од АСНОМ.
Димитров пет дена пред референдумот ги објаснуваше членовите од Договорот кои се однесуваат на името, државјанството, националноста, јазикот, но и употребата на зборовите македонски, Македонец, за што рече дека во изминатиов период увидел дека има многу дезинформации во јавноста. Притоа нагласи дека државјанството ќе биде македонско/државјанин на Северна Македонија, а јазик ќе се именува како македонски јазик.
Со Договорот рече Димиторв двете држави разбираат и прифаќаат дека термините Македонија и македонски се однесуваат на различен територијален, историски контекст и културно наследство за Грција и за Македонија.
„Никој не може нас во 21 век да ни спори право на самоопределување и право на самоидентификација. Во Догворот нема ниту еднаш придавка ’северномакендска’, ’северномакедонски’ и т.н. Има само „Macedonian“, односно македонско“,Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија.
За Димитров изјаснувањето на референедумот е клучно за затворање на прашањето старо 27 години за што рече дека граѓаните го имаат клучот од вратата кој води кон НАТО и кон ЕУ.
Тамара Грнчароска