Димитриевски бара внатрешна контрола да ја прочешла како се водела истрагата приотив него

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски побара од Внатрешната контрола да го испита работењето на полициските службеници кои учествувале во истрагата против него која резултираше со кривична пријава која подоцна обвинителството ја отфрли. Тој смета дека има многу пропусти и неправилности во текот на постапката и остана на ставот дека „дворски игри“ имало во неговиот случај.

Димитриевски е на ставот дека е потребна комплента истрага на неговиот случај и да се испита кој и како соборал докази за да се поднесе кривичната пријава и да се нотиораат сите пропусти во истрагата како и фактот дека тој воопшто не бил повикан да даде исказ.

Тој уште еднаш потврди дека го пријавил во полиција транспортот до Скопје а тестовите кои ги направил во приватните лаборатории покажале дека е негативен. Димитиревски најави кривична пријава против директорката на ДЗСИ Ирина Бухова за изнесување на лични податоци во јавност.

Бухова пак на прес конференција на 26 април соопшти дека Димитиревски на своја рака заминал за Скопје да се тестира и со тоа ги прекршил протоколите и ја најави пријавата која два дена подоцна беше поднесена проитив него.

Пред десетина дена јавното обвинителство соопшти дека поради недостиг на докази ја отфрла кривичната пријава против Димитиревски со која тој се тоаври за кршење на членот 206.

На 16 април, резултатот од тестот на Димитиревски беше позитивен, ден по официјалната средба во Куманово со премиерот Спаовски, вицепремиерот Османи и минисртите Адеми и  Филипче поради што тие беа испратени во задолжителен 14 дневен каратнин како и новинарските екипи кои го покриваа настанот.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ