Димишков прв сведок на одбраната во Рекет, Јанева ќе се брани со помош на обвинителите од СЈО

12 сведоци предложил бојан јовановски а 13 катица јанева за случајот Рекет. Прв од предложените денеска сведочеше адвокатот Димишков кој веќе беше споменуван во исказите на сопружниците Камчеви. За разлика од нив кои тврдеа дека братот на судијката Димишкова барал средби со нив и им нудел услуга за пари, тој денска тврдеше дека тие први го побарале. Прво Јордан Камчев, а по неговото одење во притвор и Ана Камчева преку сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичевец.

На првата средба Камчев ми покажа некакво барање на кое потпис имаше ставено мојата сестра судијката Весна Димишкова. По притворот Камчева инсистираше да се вклучам во адвокатскиот тим бидејќи таква им била стратегијата за одбрана. Сакаше сопругот да излезе од притвор за нивната куќна слава, но тоа беше невозможно според законот. Размислив и сфатив дека ако го застапувам мојата сестра судијка ќе мора да биде изземена од случајот. Знаејќи дека ако кажам голема сума за да го застапувам нема да прифатат, тоа и го сторив и повеќе не ме побараа, тврдеше Димишков.

Според адвокатот на Бојан Јовановски со ова се докажува намерата на Камчев.

Следни сведоци на Боки 13 се бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски. Јанева пак има редложено 13 сведоци од кој најголем дел се поранешни обвинители на СЈО. По рочиштето судијката Васка Николовска – Масевска на средба со новинарите откри дека имала план случајот да го затвори до средината на март, но поради одложените рочишта пресудата ќе стигне подоцна од овој рок.

Вели дека притисоци за случајот кој е во фокус на јавноста, нема. И таа не е сигурна дали на видео материјалите изведени како докази се гледаат братот и адвокатот на екс премиерот Зоран заев со осудениот во случајот Зоран Милевски Кичевец.

Снимката беше пушптена на претходните рочишта, а само бојан јовановски тврдеше дека се работи за луѓе блиски на Заев.

Денеска пак тврдеше дека обвинителката Русковска му нудела позитивно мислење за да излезе од притвор во замена да ги намести екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Фросина ременски од СДСМ, која е осомничена во случајот со Меѓународниот Сојуз.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ