ДИК со правилник за референдумот

ДИК изработи правилник со кој ќе се обидат да ги надминат неусогласувањата на законот за реферндум и изборниот законик. Избирачките одбори ќе имаат по три члена, наместо пет, ќе се исфрлат партиските членови во нив, и остануваат само од администрацијата. Тоа стои во законот за организирање реферндум. Одлуката ќе се смета за усвоена доколку за неа гласале половина од излезените, а излегле половина од запишаните во избирачкиот список. Увидот во списокот ќе трае 15 дена.

На референдумот ќе гласа и дијаспората во дипломатските конзуларни претставништва. Од ДУИ бараат нов систем за гласање во дијаспората, и повикаа иселениците доколку можат да се вратат дома за гласање, затоа што според анализите, излезноста во странство е многу мала, а трошоците многу поголеми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ